Актуелниот европски и македонски ракометен првак, Вардар го освои првиот пехар во претсезонскиот период. Триумфираше на турнирот во Требиње победувајќи ја во финалето Металопластика со 32-28.
На полувремето Вардар имаше предност од три гола, водеше со 17-14, до средината од второто полувреме имаше и највисоки 25-19 по што рутиниски ја заврши средбата.
Криштопанс и Чупиќ постигна по шест гола за Вардар, Горбок имаше четири, Дибиров и Скубе по три. Тимур Дибиров беше прогласен за најдбоар играч на турнирот.
Следен предизвик за Вардар е настапот на Супер Глоуб во Саудиска Арабија. Црвено-црните играат директно во четвртфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА