Вардар го освои трофејот во Купот на Македонија

Вардар го освои трофејот во Купот на Македонија кој го носи називот по легендарниот Благоја Георгиевски – Бушутр откако во големото финале славеше над екипата на Баскет Кам со 69-55.

Вардарки стигнаа до двоцифрена предност благодарение на убедливата игра во втората четвртина, па и покрај тоа што противникот имаше налет на крајот на средбата, скопскиот тим ја задржа позитивата за нов трофеј во своите витрини.

По неубеливата прва четвртина во која двата тима се мачеа да го најдат темпото во нападот и комбинираа само 27 поени (13-14), Вардар ги зема работите во свои раце до крајот на полувремето наметнувајќи го својот ритам. „Црвено-црните“ одиграа одлично во нападот, блеснаа и во одбраната па од минута во минута ја зголемуваа предноста за високи 36-23.

Вардар продолжи да ја зголемува преднсота во третата четвртина, во еден момент поведе со 47-29, но следеше големо опуштање во редовите на составот на Ашаданов кое го искористија кошаркарките на Баскет Кам.

Преку Кметовска, Адамовски и Димовска „проработе“ нападот на Баскет Кам па веќе до крајот на третата четвртина негативата беше сведена на 55-43. Тимот од Македонска Каменица не се предаде, успеа да стигне и до едноцифрена негатива (62-55), но немаа сили за неизвесна завршница.

Селцова со 25 поени и 8 скокови беше лидерка на Вардар, додека 24 поени и 16 скокови за Баскет Кам постигна Кметовска.

Се вчитува...