Ракометарите на Вардар го освоија второто место на турнирот „Лабин Куп“ што се одржуваше во Хрватска, откако во големото финале „црвено-црните“ беа поразени од Загреб со резултат 34-27. Хрватскиот првак го задржа стопроцентниот ефект со четвртиот трофеј во четвртото издание на овој турнир, откако решавачко во денешното финале се покажа второто полувреме.
Ако „вардарци“ вчера против Слован во вториот дел го скршија отпорот на противникот, овојпат ситуацијата беше сосема спротивна. На одмор се замина со резултат 17-15 за Загреб, а Вардар парираше само до 22-21, по што хрватскиот тим се одлепи резултатски, со цврста одбрана го исфрли од ритам македонскиот претставник и на крајот заслужено стигна до победата.
Третото место го освои тимот на Слован од Словенија кој во малото финале славеше над Сесвете.
„Вардарци“ веќе во текот на утрешниот ден се враќаат назад во Скопје, каде ќе ги финишираат подготовките за клучниот дел од оваа натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

