Вардар го победи украински Колос на последниот тест во Анталија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вардар ја запишаа и втората победа за време на подготовките во Анталија, славејќи со 2-0 против украинскиот Колос Коваливка.

Како и при победата над узбекистанскиот Металург Бекабад, со идентични 2-0, и овој пат стрелци на головите за „вардарци“ беа Матијас Лемос и засилувањето Марјан Ристовски – Швајц.

Вардар натпреварот го реши уште во првото полувреме. Лемос погоди во 42. минута, а Ристовски стрелаше две минути подоцна.

Ова беше последниот натпревар за „црвено-црните“ на подготовките во Анталија.

Се вчитува...