Вардар го потпиша и Роџерс Мато од АП Брера (ФОТО)

Засилувајќи се дополнително за пролетниот дел од сезоната, екипата на Вардар денеска во Анталија и официјално склучи договор со досегашниот фудбалер на АП Брера, Роџерс Мато.

Репрезентативецот на Уганда, по Георги Јанкулов и Димитар Тодоровски, е трет фудбалер низ јануарскиот трансфер период кој од редовите на струмичкиот прволигаш се сели во црвено – црниот табор.

21-годишниот крилен напаѓач изминатава есен ги одигра сите натпревари за Брера, а досега во својата кариера има 22 настапи за репрезентацијата на Уганда и постигнато четири погодоци.

Се вчитува...