Европскиот ракометен шампион Вардар го претстави полскиот репрезентативец Патрик Валчак. Полјакот со „црвено-црните“ потпиша двегодишен договор до 2022 година, а во дресот на Вардар 1961 ќе го носи бројот 7.
Станува збор за пивот без некое преголемо реноме, со оглед на фактот дека пристигнува од германскиот второлигаш Либек, а воедно и не е прва опција во полскиот национален тим. Сепак, „вардарци“ во тимот веќе ги имаат Стоилов и Калараш, но бараа трета опција за да ја покријат и оваа позиција по заминувањата на Горпишин и на Пелко.
За потсетување, „црвено-црните“ направија „ремонт“ во тимот, потпишувајќи договори со Талески, Георгиевски, Јагуриновски, Кантегрел, Вујин, Јотиќ, Векиќ и Гаџа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА