Вардар го прегази ППД Загреб за ново СЕХА финале (ФОТО)

ЕКИПА  во Брест

Томас Ѓоргиевски

Вардар е првиот финалист на годинашниот Фајналфор турнир во регионалната СЕХА Гаспром лига што се одржува во белорускиот Брест. Во полуфиналето вардарци славеа убедлива победа против хрватскиот шампоион ППД Загреб со 36-28 и стигнаа до своето петто финале во шестото издание на Ф4 турнирот во СЕХА лигата. Во мечот за титулата „црвено –црните“ го чекаат победникот од второто полуфинале меѓу актуелниот шампион Веспрем и домаќинот Мешков Брест.

Вардар беше супериорен во полуфиналната пресметка со ППД Загреб, речиси во текот на целиот мнатпревар. Хрватскиот шампион резултатски држеше чекор само во првите пет минути од мечот  (2-2). Во преостанатиот дел од мечот, Вардар диктираше темпо и одржуваше сигурна предност.

_UH16868_original

Офанзивата на „црвено-црните“  ја отвори токму хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ постигнувајќи го првиот од четирите гола во серија кои им донесоа водство од 6-2 во 11.минута. Иако Арпад Штербик на голот имаше за него невообичаено само една одбрана во првото полувреме, Вардар успеа тоа да го надополни со сигурна игра во одбраната и со речиси беспрекорна реализација во нападот. За среќа на „црвено-црните“ ништо подобри во овој дел не беа ни голманите на ППД Загреб, Иван Стевановиќ запиша само две одбрани, а Матевж Скок не успеа да сопре ниеден од осумте удари кон голот.

Вардарци ја имаа комплетна контрола на играта и на резултатот и константно ја зголемуваа предноста. На шест минути пред крај „црвено-црните“ водеа со 15-10, а на одмор заминаа со највисоки +7 (19-12).

_UH16718_original

Доминацијата на „црвено-црните“ продолжи и во второто полувреме. Одбараната 5-1 со Тимур Дибиров напред добро функционираше и не им оставаше многу простор на противничките ракометари да го загрозат голот на Вардар. Расположениот Иван Чупиќ во 32.минута ја зголеми предноста на вардарци на 21-13. На осум гола позитива македонскиот шампион влезе и во последната четвртина од натпреварот кога Лука Циндриќ погоди за 29-21.  Хрватскиот шампион од минута во минута изгледаше се понемоќен да и парира на играта што ја наметна Раул Гонзалес, а вардарци ги држеа сите конци во свои раце и сигурно чекореа кон триумфот за финале на Ф4 турнирот. Предноста на „црвено-црните“ беше недостижна за ППД Загреб под водство на новиот тренер, Славко Голужа. Завршницата на натпреварот мина во мирна игра без резултатска неизвесност. Загрепчани веќе се помирија со поразот, а Вардар рутински ја доврши работата и на крај запиша убедлива победа со конечните 36-28.

_UH16735_original

Иван Чупиќ го предводеше нападот на Вардар со осум гола од десет шута, Вуко Борозан беше максимално прецизен постигнувајќи шест од шест, а Игор Карачиќ и Алекс Душебаев додадоа по четири гола во триумфот на „црвено-црните“. Сите тројца голмани на Вардар имаа исклучително лош учинок на овој меч, Страхиња Милиќ запиша три, Арпад Штербик остана со една, а Петар Ангелов без ниедна одбрана.

vardar - brest

Кај ППД Загреб, најефикасни беа Златко Хорват со осум и Стпе Мандалиниќ со шест гола. Иван Стевановиќ заврши со шест одбрани на голот на хрватскиот тим.

Се вчитува...