Вардар го прекина денешниот тренинг на Златибор: Минута молк во спомен на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Скопје (ВИДЕО)

Вардаровите фудбалери го прекинаа за момент денешниот тренинг за време на подготовките на Златибор. Сето тоа во чест и спомен на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година кој се случи на денешен ден пред точно 60 години.

„Денешниот тренинг на екипата беше прекинат, зошто постојат датуми на кои едноставно не смееме да заборавиме!“ – порачаа „вардарци“.

„Денеска навршуваат 60 години од страшниот земјотрес, кој на 26.07.1963 година, го погоди Скопје. Овој ден е длабоко врежан во колективната меморија на сите скопјани и Македонци, а наша обврска како клуб на народот, е секогаш достојно да го одбележиме. По тој повод, тренерот Бобан Грнчаров со краток говор не потсети на важноста и симболиката на денешниот датум, а потоа целокупниот тим со минута молк, им одаде почит на сите жртва од големата катастрофа. Скопје се сеќава – клубот на народот не заборава!“ – информираа од Вардар.

Се вчитува...