Марко Срдановиќ од денеска и официјално е нов ракометар на Вардар. Српскиот интернационалец потпиша двогодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште една година, потврди 15-кратниот шампион на Македонија.
Левото крило во Скопје доаѓа од редовите на Металопластика од Шабац со кој оваа сезона го освои Купот на Србија и заедно со Марио Стојановски ќе биде замена за заминатиот Дејан Манасков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА