ФК Вардар денеска и официјално го промовираше Александар Ѓурковски како свое ново засилување за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
21-годишниот дефанзивец потекнува од вардаровата фудбалска академија, а во првиот тим на Вардар настапуваше во сезоната 2020/21 забележувајќи 19 настапи.
Во ПМФЛ покрај за Вардар има настапувано и за екипите на Шкупи и Тиквеш каде има 48 официјални натпревари. Ѓурковски ги мина и сите младински фудбалски селекции на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА