По една седмица тренирање со Вардар, Јапонецот Косуке Јасухира (23) го потпиша едногодишниот договор со „црвено-црните“. Завршени се сите технички и административни формалности, и средниот бек Јасухира следната сезона ќе игра во дресот на Вардар.
Јасухира доаѓа како позајмен играч до Висла Плоцк, а Вардарци може да го откупат по завршувањето на сезоната. Тој стана првиот Јапонец од „црвено-црните“.
Доаѓа од полска Висла Плоцк каде лани настапуваше и беше пријавен и за Лигата на шампионите. Не доби голема минутажа поради големиот број на играчи што настапуваа на таа позиција. Претходно играше и за француски Ник, и во имаше натпревари и од Лига Европа.
Потекнува од јапонскиот Нипон Универзитет, игра на среден бек, поседува брзина и експлозивност, наведуваат од тимот на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА