Ракометниот клуб Вардар во новата сезона ќе има и нов изглед кој беше промовиран на денешната прес-конференција. Дресовите на македонскиот шампион ќе бидат поинакви од претходната сезона, а првиот човек на клубот, Михајло Михајловски изјави дека тоа е вообичаена пракса на бредот „Хумел“ кој го менува изгледот на секои две години.
Во новиот изглед на вардарци први можевме да ги видиме Едуардо Гурбиндо, Бакари Диало, Филип Талески, Тимур Дибиров и Али Сафар, а останатите ракометари ќе го облечат новиот дрес на престојниот пријателски турнир во Магдебург каде Вардар ќе одигра две средби.
По нив следи четвртфиналето од СЕХА лигата во кое Вардар на 26. август ќе се сретне со ППД Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА