Вардар за новата ракометна сезона и официјално го промовираше искусниот португалски голман Мигел Еспиња Фереира, кој потпиша договор со клубот на една година со можност за продолжување на уште една.
Фереира доаѓа од АСОБАЛ лигата, а ќе му биде соиграч во вардаровите редови на Васил Гогов кој исто така останува меѓу „црвено-црните“.
30-годишниот Фереира потекнува од Бенфика и долго време беше дел од првиот и вториот тим на клубот од Лисабон, а бранеше и во Мануел Пасос и Белененсес, пред да стане интернационалец. Во 2020 замина во Шпанија, каде што настапуваше за Уеска една сезона, потоа две години мина во францускиот Сесон Рен, а лани се врати во АСОБАЛ и една сезона мина во Сиудад Енкантада Куенка.
„Многу сум среќен и горд што доаѓам во таков историски клуб каков што е Варвар. Со нетрпение очекувам да ја почувствувам атмосферата во вардаровата сала со поддршка од неговите неверојатни навивачи. Сакам да им помогнам на моите соиграчи да ги постигнат целите на клубот во Европа и првенството. Се гледаме наскоро“ – вели Фереира.
Тој ќе се приклучи на подготовките на тимот и ќе се подготвува за првите два турнири на кои Вардар ќе настапи, во Струга и во Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА