Вардар го совлада Шкупи и најмалку до утре ќе биде лидер во ПМФЛ (ВИДЕО)

Ноечкувано, екипата на Вардар се соочи со многу проблеми на дуелот со Шкупи. Многумина очекуваа сигурна, некои дури и убедлива победа, меѓутоа таа беше само минимална и тоа со два примени наивни гола. Одбраната на „црвено-црните“ како да спиеше, па дозволи два лесни голови и многу проблеми, а потоа нападот требаше да ја донесе победата, и успеа во тоа. На крајот Вардарци победија со 4-2, и барем до утре ќе бидат лидери на табелата.

Уште во деветата секунда ден комичен автогол на Матиќ, поточно несекојдневна реакција на одбраната на „црвено-црните“. Долга топка, не се разбраа Сенгор и Талески, па Матиќ сакаше да ја извади од гол, но не успеа, па заврши во мрежата за шокантна предност на Шкупи.

Во 16. минута беше 1-1. Маневски, најдобриот играч на мечот, центрираше од левата страна, а Данев со глава успеа да го совлада Гроте и да израмни. На Вардар му требаа 20 минути по првиот гол да дојде до пресврт. 36-та минута една лоша реакција во одбраната на Шкупи, топката доаѓа до Омерагиќ кој од прва со волеј ја погоди мрежата.

И кога се чинеше дека Вардар тргнува по победата, се случи нов шок. Нова голема грешка во одбраната на Вардар, Дестани успеа да надмудри тројца играчи на „црвено-црните“, и да погоди за 2-2.

Сепак, Закариќ во четвртата минута од судиското надополнување во првиот дел, успеа да погоди повторно по асистенција на Маневски и да донесе предност пред првите 45. минути.

Во вториот дел се чинеше дека Вардар ќе тргне веднаш да стави печат на победата. Но, некако повеќе како да чекаа грешка на Шкупи, а и стравот од првиот дел го чинеше своето, па така „црвено-црните“ не притиснаа онака како што знаат. Имаа и во таква ситуација шанси, имаше Матиќ, потоа и Маневски ја погоди стативата, но промена на резултатот немаше се до последните секунди од натпреварот кога Спахиу излезе сам пред Гроте, и успеа да го совлада за конечни 4-2.

Се вчитува...