Вардар го врати во своите редови талентираниот фудбалер Дарко Сековски.
18-годишниот Сековски, кој игра на позицијата офанзивен играч за врска, потекнува токму од вардаровата младинска школа, но изминатата сезона настапуваше во редовите на Македонија ЃП во Првата македонска фудбалска лига.
За екипата на Македонија ЃП одигра 23 натпревари во Првата лига и два натпревари за „лавовите“ во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА