Вардар го затвори преодниот рок: Со 12 нови фудбалери во пролетниот дел од сезоната (ФОТО)

Како што информираа од таборот на најтрофејниот македонски клуб, Вардар го затвори јануарскиот преоден рок, со ангажирани 12 нови фудбалери за пролетниот дел од шампионатот.

„Црвено-црните“ денеска и официјално го промовираа комплетниот список засилувања кои треба да го поведат тимот кон сигурен опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Голманот Давор Талевски, потоа Михал Пинтер од Словачка, Георгије Јанкулов, Михаил Маневски, Едиз Спахиу, Мите Цикарски, Димитар Тодоровски, Михаил Талевски, Хрватот Мислав Матиќ, Фаустин Сенгор од Сенегал, репрезентативецот на Уганда, Мато Касим Роџерс и Мануел Куестас од Аргентина се вардаровите засилувања за вториот дел од сезоната.

Со тоа е заокружен и комплетниот ростер за пролетниот дел од првенството:

Давор Талески, Методија Велковски, Филип Гачевски, Михал Пинтер, Георгије Јанкулов, Данел Јордан Донгмо, Михаил Маневски, Едиз Спахиу, Горан Закариќ, Азер Омерагиќ, Џибрил Дианесси, Немања Босанчиќ, Мите Цикарски, Димитар Тодоровски, Филип Дурански, Кристијан Николовски, Ненад Мишковски, Андреј Мурџески, Дарко Сековски, Јасмин Мециновиќ, Александар Ѓурковски, Горјан Цветков, Николче Шаркоски, Михаил Талевски, Иво Марковски, Мислав Матиќ, Мануел Куестас, Фаустин Сенгор, Мато Касим Роџерс.

Се вчитува...