Одбојкарите на Вардар претрпеа пораз и на вториот натпревар од двомечот против Калцит Камник со максимални 3-0 во сетови, завршувајќи го настапот во Челинџ-купот на ЦЕВ.
„Црвено-црните“ одиграа солиден натпревар, но разликата во квалитет беше на страна на словенечкиот состав, кој и денеска знаеше како да ја оправда фаворитската улога на теренот.Првиот сет заврши со резултат 25-16, во вториот и во третиот сет Вардар освои по 17 поени, за солиден впечаток на гостувањето потив големиот фаворит.
Стојан Илиев со 11 поени беше најефикасен во таборот на Вардар, а Шулајковски освои седум поени на денешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА