Дерби натпреварот од 4. коло во ракометната Суперлига на Македонија меѓу Вардар и Алкалоид почна со оддавање почит на еден од најголемите ракометни работници во нашата земја Андон Бошковски.
Андон Бошковски буквално целата кариера ја помина во сите клубови што нешто значат за македонскиот ракомет, а токму Вардар го водеше и во Лигата на шампионите. Од друга страна Бошковски беше добар пријател и со тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров со кој соработуваа и во ракометната репрезентација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА