Вардар и дефинитивно без Михаил Талевски на реваншот против Ла Фиорита

ЕКИПА во Сан Марино
Горан Бошев

Предноста на Вардар од 3-0 по првиот меч со Ла Фиорита, им ги отвори „портите“ на „црвено-црните“ за пласман во 2. коло во Лигата на Конференции. Сега следува реваншот, на кој треба само да се доврши започнатото, и да се оди на мегдан со Лозана од Швајцарија.

На овој меч тренерот Гоце Седлоски и дефинитивно нема да може да смета на младиот Михаил Талевски кој поради повреда ќе го пропушти утрешниот натпревар.

Седлоски нема да може да смета ниту на Најдовски, ниту на Фаустин Сегнор.

Се вчитува...