Вардар и домаќинот Струга денеска го отвораат новото издание на „Струга 2023′

Со натпреварот меѓу Вардар и Струга, денеска од 18:30 часот стартува 51. издание на еден од најстарите интернационални ракометни турнири во Европа, „Струга 2023“.

Екипите на Алкалоид, Динамо Панчево и АЕК Атина се во групата „А“, додека во групата „Б“ покрај Струга, и скопски Вардар 1961 е и екипата на Есклистуна ГУИФ.

Денеска ќе се одигра уште еден натпревар, од 20:40 часот ќе играат Алкалоид и Динамо Панчево. Меѓу двата меча е предвидена и кратка церемонија на свечено отворање. Натпреварите, традиционално, ќе се играат на отвореното игралиште на „Женска плажа“.

Се вчитува...