Во просториите на Ракометната федерација на Македонија, денеска беа одредени паровите за полуфиналните дуели на Ф4 турнирот во Националиот куп. Бранителот на трофејот од минатата година Вардар за противник во полуфиналето ќе го има Алкалоид.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат актуелниот шампион на Македонија, Е. Пелистер и Тиквеш. Завршниот турнир во Купот на Македонија на најдобрите четири екипи ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ од 17. до 19. мај.
Кај дамите, Куманово ќе се сретне со шампионот Ѓорче Петров, додека во второто полуфинале ќе играат Вардар и Чаир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА