Екипите на Вардар и на Еурофарм Пелистер денеска ќе сретнат во финалето на Купот на Македонија во салата „Билјанини Извори“ во Охрид. Двата тима ќе се борат за пехарот во најмасовното натпреварување, а пред мечот, двете екипи испратија соопштенија за своите навивачи.
Имено, и Вардар и Еурофарм Пелистер ги известија своите навивачи дека вратите на салата ќе бидат затворени во 17 часот, односно дека после тоа ќе нема повеќе да се примаат навивачи.
Затоа се предупредени да пристигнат порано и да ги заземат своите места во салата. На мечот ќе бидат присутни и двете навивачки групи, а со тоа и безбедноста во и околу салата ќе биде зголемена.
Вардар обезбеди финале откако на пенали го елиминираше актуелниот освојувач Алкалоид, додека Пелистер го победи домашниот тим Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

