Вардар и Гостивар без голови на полувремето, Работнички убедлив во Кавадарци, предност за Силекс, Шкендија и Струга ТЛ (ВИДЕО)

Работнички има убедлива предност од 0-2 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига. Лидерот Гостивар игра без голови на гостувањето против Вардар во Скопје, а водство имаат екипите на Силекс, Шкендија и Струга ТЛ.

Шкендија по само три минути успеа да поведе против Шкупи на дуелот во Тетово, за 1-0 на полувремето.

Тетовци експресно дојдоа до предност со голот на Аденис Шаља во 3. минута, кој убаво се снајде пред голот на гостите по одбиената топка по шутот на Бесарт Ибраими.

И Работнички експресно поведе, во Кавадарци. Одлична акција на „романтичарите“ во 6. минута која со гол ја круниса Мазари.

Во 37. минута извонредниот Адхе Мазари, кој игра во одлична форма, со ефектен гол со шут од 20 метри носи и 0-2 за Работнички.

Струга ТЛ има предност пред своите навивачи во дуелот со Пелистер од 1-0. Стрелец на голот за водство на шампионот е Кехинде кој на ефектен начин со волеј удар од 7-8 метри стрела во мрежата на битолчани.

И Силекс продолжува да „гази“ во шампионатот. Кратовци дојдоа до водство против Воска Спорт со 1-0, со голот во 24. минута. И повторно стрелец Дарко Додев, кој беше стрелец на двата гола за кратовци и во претходната победа од 2-0 против Шкупи во Чаир пред три дена.

Но, Силекс игра и со фудбалер помалку откако во 33. минута Џеков доби црвен картон.

ПРВА ЛИГА – 16. КОЛО (прво полувреме)

Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 1-0
Шаља 3′
Скопје: ВАРДАР – ГОСТИВАР 0-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 0-2
Мазари 6′, 37′
Гостивар: БЕСА – АП БРЕРА 0-0
Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 1-0
Кехинде 17′
Кратово: СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ 1-0
Додев 24′

Се вчитува...