Двајца француски интернационалци и поранешни репрезентативци сезонава ќе играат за Вардар1961. Браќата близнаци, Кевин и Оливие Њокас потпишаа едногодишни договори со „црвено-црните” и веќе се приклучија на тренинзите.
Веќе се завршени сите формалности околу нивниот настап и двајцата се пријавени за домашното првенство и во ЕХФ за настап во Лигата на шампионите. Со ангажирањето на браќата Њокас се засилува конкуренцијата на бековската позиција во Вардар.
Кевин Њокас игра на позиција на лев бек, додека Оливер игра на позицијата десен бек. Професионалната играчка кариера ја започнуваат во редовите на ПСЖ, а потекнуваат од школата на Монтгерон.
Оливие има 32 настапи и 69 гола за француската репрезентација и златен медал од СП 2017 година во Франција. Тој лани играше во францускиот Нан. Има златен медал од СП 2017 и сребро од Олимпијадата во 2016 година.
Кевин последниве три сезони играше во Бенфика, на позицијата десен бек, а во својата кариера има играно уште за францускиот Кретеј и бундеслигашите Гепинген и Гумерсбах.За репрезентацијата на Франција има 41 настап и 57 голови, два златни медали од ЕП 2014 и СП 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА