Вардар и Пелистер убедливо поразени во Тетово и во Струмица, Работнички го „згази“ и Шкупи, реми на дербито (ВИДЕО)

Струга ТЛ и Гостивар ги поделија бодовите, играјќи без победник 2-2 во дербито на 8. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Шкендија, пак, убедливо со 4-0 славеше против Вардар уште по првото полувреме во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига. Убедлив триумф над Пелистер запиша и АП Брера со идентични 4-0, а Работнички продолжува со одличните игри славејќи со 2-1 против Шкупи.

Шкендија до водство од 1-0 дојде веќе во 3. минута со голот на Трумчи. Одлична двојна акција на Трумчи и Бесарт Ибраими, која мајсторски со шут од 15 метри ја круниса десниот бек на Шкендија.

Веќе во 13. минута и самиот Ибраими по одлична акција постигна гол за 2-0.

Најубавиот момент на мечот беше во 27. минута кога Ахмеди постигна прекрасен гол за водство и од 3-0.

Во второто полувреме, во листата на стрелците се запиша и Флорент Рамадани за заокружување од 4-0.

Во дербито на колото, Струга ТЛ ремизираше (2-2) со лидерот Гостивар. Домашните поведоа со голот на Кехинде во 25. минута, но веќе во 36. минута Ајдоган со убав гол израмни на 1-1.


Сепак, Струга ТЛ дојде до предност на полувремето со голот на Компаоре во втората минута од судиското продолжение.

Во 85. минута Гостивар дојде до бод со голот на Симоновски.

Работнички, пак, славеше против Шкупи со 2-1. „Романтичарите“ поведоа со голот на Регба во 36. минута.

Во второто полувреме, со автоголот на Пинтер во 56. минута, Работнички зголеми и на 2-0, за да Стојановски во 78. минута постигне вистински евро-гол, но само за ублажување на поразот за конечни 2-1.

АП Брера убедливо со 4-0 го победи Пелистер на дуелот во Струмица. Во одличен натпревар, струмичани до победата дојдоа со головите на Марјан Ристовски во 45. минута, Јанкулов стрелаше во 47. минута, Ивковиќ погоди во 61. минута а конечните 4-0 ги постави Димитар Тодоровски во 68. минута од средбата.

Беса триумфираше со 1-0 против Воска Спорт со погодокот на Ремзифаик Селмани уште во 11. минута од натпреварот. Треба да се напомене дека голманот на домашните, Костадин Захов одбрани пенал, и така го спаси својот тим.

ПМФЛ – 8. КОЛО 
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 4-0
Трумчи 3′, Ибраими 13′, Ахмеди 27′, Рамадани 73′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-1
Регба 36′, Пинтер 56′(аг) – Стојановски 78′
Струмица: АП БРЕРА – ПЕЛИСТЕР 4-0
Ристовски 45’+3, Јанкулов 47′, Ивковиќ 61′, Тодоровски 68′
Кичево: ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0-0
Струга: СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 2-2
Кехинде 25′, Компаоре 45’+2 – Ајдоган 36′, Симоновски 85′
Гостивар: БЕСА – ВОСКА СПОРТ 1-0
Селмани 11′

Се вчитува...