Вардар и Пелистер влегуваат во трка за голман од Израел

Израелскиот голман Тал Пелед е во центарот на интересот на неколку европски клубови, меѓу кои се и македонските гиганти Вардар и Пелистер. Ракометниот менаџер и поранешен играч Хен Ливгот објави дека 21-годишниот чувар на мрежата, кој моментално брани за францускиот Меси Есон привлекува внимание од повеќе екипи.

Освен македонските клубови, интерес покажува и португалскиот шампион Бенфика. Преговорите сè уште траат, а во наредниот период се очекува Пелед да одлучи за својот следен клуб и најдобрата опција за понатамошната кариера.

Се вчитува...