Европскиот ракометен првак Вардар и понатаму има стопроцентен ефект во СЕХА – лигата. И по гостувањето кај Целје „црвено-црните“ остануваат со максимален победнички ефект, откако го совладаа домашниот тим со 28-31.
Целје подобро го започна натпреварот и поведе со 5-3, но со двата гола на Шишкарев дојде израмнувањето на 6-6, а потоа Вардар го презеде водството и на полувремето замина со три гола предност (13-16).
Во 37.минута, вардарци имаа и пет гола позитива (15-20), но во финишот Целје сепак се доближи на само гол негатива (25-26). Сепак, искуството на Вардар дојде до израз во завршните моменти, па тимот на Раул Гонзалес славеше нов триумф.
Тимур Дибиров и Данил Шишкарев со по шест гола беа најефикасни во составот на Вардар, а Вујовиќ, Кодриќ, Млакар и Аниќ запишаа по пет гола за тимот на Целје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА