Викендов нема да се играт натпревари во Првата македонска фудбалска лига поради локалните избори во Македонија. Во вторник и среда не очекуваат натпревари од осминафиналето во Националниот куп.
Вардар и Работнички ќе бидат домаќини во овие дуели, но двата тима нема да играат на националната арената „Тодор Проески“. Причината е теренот на арената кој мора да се заштити и подготви за европскиот натпревар на Шкендија во Конференциската лига каде во четврток ќе се сретнат со ирски Шелбурн.
Работнички во Автокоманда ќе игра против Брегалница, додека Вардар ќе биде домаќин на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје против Новаци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

