Вардар и Шкендија вторпат пролетва во битката за престиж и бодови!

Вардар и Шкендија со меѓусебниот натпревар денеска од 15 часот на стадионот на ФФМ во комплексот „Куќа на фудбалот“ го отвораат 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Двата црвено-црни тима, секој со различна желба, едните во битката за опстанок другите за шампионската титула, но со максимална неопходност на бодовите пристапуваат на натпреварот кој секогаш претставува престижна борба за докажување на индивидуалниот и колективниот квалитет.

„Вардарци“ силно веруваат дека можат до поволен резултат, посебно и по ремито (1-1) на гостувањето против Силекс во Кратово, но од Шкендија велат дека носат огромен мотив за максимално надигрување со противникот.

 „Да, точно е, атмосферата во тимот е многу добра бидејќи имаме серија позитивни резултати. Мислам дека ќе ја постигнеме нашата цел. Доста добро го анализиравме противничкиот тим. Вардар е навистина сериозен тим, без разлика на изгледот на табелата, но ние одиме на победа“ – вели Александер Трумчи и дополнува:

„Тимот е секогаш подготвен за секој натпревар и сите ја знаеме важноста на овој натпревар, кој есекогаш претставува дерби. Одиме да го дадеме максимумот. Верувам дека ќе се вратиме со позитивен резултат“.

ПМФЛ – 24. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

УТРЕ (15 март, 15 ч.)

Скопје: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР

Гостивар: БЕСА – СТРУГА ТЛ

Охрид: ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ

Кавадарци: ТИКВЕШ – ГОСТИВАР

Струмица: АП БРЕРА – СИЛЕКС

Се вчитува...