Вардар и со едно екстра полувреме може против Татран

Вардар ја забележа осмата победа во групната фаза од ракометната СЕХА лига и го осигурна првото место по завршувањето на регуларниот дел откако славеше над Татран Прешов со 28-25 во последниот натпревар на домашен терен годинава. Вардар сега има 24 бода и има уште еден натпревар, против Нексе до крајот од оваа натпреварувачка фаза.

Со многу подобра одбрана во однос на првото полувреме, Вардар направи серија од 5-0 на стартот на вторите 30 минути и ја анулираше предноста од пет гола која ја имаше Татран уште во првата минута од овој сегмент бидејќи со брз гол ги дополни четирите плус од паузата. Потоа Вардар направи уште една серија од 3-0 и во 40. минута дојде до првото водство на средбата со 21-20. Црвено-црните ја продолжија оваа низа до пет гола и поведе со три плус. Татран се врати во игра на пет минути пред крајот кога дојде до 25-25. Со головите на Стилов и на Атман, и клучната одбрана на Гедбан Вардар повторно со плус два влезе во завршната минута, Дибиров потоа погоди за 28-25

Во второто полувреме, на тренот беше Столе Стоилов кој остана на клупата во првиот дел, а и Тимур Дибиров кој само кратко играче во првиот сел. На голот застана Калифа Гедбан и имаше неколку значајни одбрани во важни моменти. Во првото полувреме, Татран беше постојано во предност, имаше највисоки пет гола позитива во 29 минута.

Иван Чупиќ и Павел Атман со по пет гола беша лидери на листата стрелци, Калифа Гедбан заврши со осум одбрани.

Вардар веќе го има осигурано пласманот во четвртфиналето, ќе ја прескокне осминафиналната фаза, а дуелот со Нексе, во гости, последен од регуларниот дел и за 2019 година ќе го одигра в недела.

 

Се вчитува...