Во крајно мирна игра без изразити шанси на двете страни минуваат првите 45 минути од дуелот меѓу Вардар и Струга ТЛ кој во рамките на 31. коло од Првата македонска фудбалска лига се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
По првото полувреме е 0-0 на дуелот кој се чини веќе и резултатски ништо не решева, а се тактизира со адутите во пресрет на меѓусебното финале во Купот на Македонија кое ќе се игра на 21. мај.
Останатите натпревари од 31. коло во ПМФЛ се играат утре.
ПМФЛ – 31. КОЛО
Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 0-0 (прво полувреме)
УТРЕ (17 ч.)
Струмица: АП БРЕРА – ШКУПИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
Кавадарци: ТИКВЕШ – БЕСА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

