Вардар и Струга ТЛ одиграа натпревар без голови во првиот меч од 31. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Низ крајно мирна игра без изразити шанси на двете страни на крајот двете екипи си поделија по еден бод на дуелот кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Двете екипи на 21 мај ги очекува и меѓусебното финале во Купот на Македонија на кое ќе се одлучува и која екипа ќе си обезбеди европска сцена следната сезона.
Останатите натпревари од 31. коло во ПМФЛ се играат утре.
ПМФЛ – 31. КОЛО
Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 0-0
УТРЕ (17 ч.)
Струмица: АП БРЕРА – ШКУПИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
Кавадарци: ТИКВЕШ – БЕСА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

