Веќе утре стартува и 31. коло во Првата македонска фудбалска лига во која до крајот на првенството ќе се играат по само четири натпревари, по коло, по откажувањето од натпреварувањето на екипите на Воска Спорт и Гостивар.
Од ФФМ денеска информацијата дека Вардар и Струга ТЛ својот натпревар од 31. коло ќе го играат утре од 17 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во комплексот „Куќа на фудбалот“ во Скопје.
Останатите натпревари од ова коло ќе се играат в среда (7 мај). АП Брера на свој терен ќе го пречека Шкупи, Шкендија се соочува со Работнички, а Тиквеш ќе се сретне со Беса. Сите натпревари се играат од 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

