Вардар и Веспрем ги добија термините за осминафиналето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави термините и саатниците за натпреварите на Вардар и Веспрем во ракометната Лига на шампиони кои се играат во рамки на осминафиналето.

Вкрстувањето посака Давид Дејвис Камара како нов тренер на Вардар 1961 да се соочи со последниот клуб кој го водеше во ракометот. Првата средба меѓу двата тима се игра во Скопје, во СЦ „Јане Сандански“ и закажана е на 31 март од 18.45 часот

Реваншот во Унгарија меѓу Веспрем и Вардар ќе се игра на 6 април од 18.45 часот. Подобриот од овој двомеч ќе се бори за место на Ф4-турнирот со дански Алборг.

Во попладневен термин ќе се играат и двата натпревари меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице, во рамките од осминафиналето на Европската лига. Првиот дуел е на 29 март во Хрватска (18.45 часот), а возвратниот на петти април (18.45 часот) во Битола.

Се вчитува...