Вардар стави крај на серијата од два порази во низа во СЕХА лигата со победа над Мотор во „СЦ Јане Сандански“ со 32-27. Избраниците на Алушевски одиграа одличен натпревар во кој што ја контролираа играта речиси во целиот натпревар и сосема заслужено ја запишаа третата победа во натпреварувањето.
Натпреварот започна во изедначено темпо, но Вардар набргу ја наметна својата игра. „Црвено-црните“ постојано ја одржуваа стекнатата предност, а со одлична игра во самиот финиш на првото полувреме стигнаа до позитива од +5 (18-13) по 30. минути игра. Добрата игра на избраниците на Алушевски продолжи и во вториот дел од натпревар во кој Вардар одолеа на налетот на Мотор кој во 44. минута стигна до негатива од само три гола (25-22), ги консолидираше своите редови и рутински приреди крај на средбата.
Предводник на „црвено-црните“ со 8 погодоци беше Анте Гаџа, додека него го следеше Гоце Георгиевски со 6 гола. Исто толку забележа и Тимур Дубиров, додека нив ги следеше Стоилов со 4 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА