Вардар покажа карактер, се издигна над сите проблеми и забележа победа над Мотор, за печат на пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ не само што победија, туку тоа го сторија со стил, демолирајќи го противникот што слично како и нив има сериозни проблеми со егзодус на играчи среде сезона.
Вардар има срце и душа, тоа беше разликата во однос на Мотор што ја донесе денешната радост. Сепак, факт е дека за следните предизвици ќе биде потребно и нешто повеќе, бидејќи вистинските битки во елитното европско натпреварување допрва претстојат.
Пред се, ќе треба да се јави управата и првиот човек Сергеј Самсоненко и да почне да ги исполнува празните ветувања што ги дава со месеци наназад. Бидејќи овие играчи, кои гинат за црвено-црниот дрес не заслужуваат таков третман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА