Раул Гонзалес нема проблеми со повредени играчи во пресрет на утрешното гостување во Хрватска против Загреб, но новата рунда од Лигата на шампионите. Поразот во ланската сезона од овој противник е јасно предупредување дека мора да се одигра во исто темпо во текот на сите 60 минути, а „вардарци“ се подготвуваат и за специјалната тактика што се очекува да ја употреби домашниот тим, нападот „седум на шест“.
„Сега е слична ситуација како лани. одиме во Загреб како фаворити. Лани ние игравме добро 45 минути, имавме 5 гола, па загубивме. Треба да имаме почит кон ривалот, да играме 60 минути со мотив и концентрација. Знаеме дека ќе биде тешко, таму секогаш се игра со доста притисок. Може да играат 7 на 6 на пример. Само сакаме да се фокусираме на Загреб, зашто после имаме време да мислиме на следните ривали“ – изјави Раул Гонзалес пред тргнувањето за Хрватска.
Вуко Борозан постигна четири гола на првиот натпревар со утрешниот ривал, а се очекува Црногорецот да биде во елемент и на пресметката во Загреб.
„Меѓусебе добро се познаваме со Загреб. Верувам дека ќе играат повеќе 7 на 6, и така ќе се обидуваат да имаат предност. Ние сезонава двапати победивме, рутински. Сега не очекува исто така тежок меч. Очекувам екипата на игра можеби и поагресивно во одбрана, со цел да не сопре. Но, ние сме поквалитетни“, вели Борозан.
Натпреварот со ППД Загреб се игра в сабота со почеток во 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА