Вардар има што да слави, Данев е новиот „бисер“ (фотогалерија)

Вардар во голем стил ја отвори новата натпреварувачка сезона, славејќи во вечното дерби против Пелистер со 4-1. Дуелот изобилуваше со одлични моменти, а во главна улога беше Димитар Данев, новиот вардаров бисер кој со две мајстории широко ја отвори вратата кон оваа убедлива победа.

Вардар има за што да слави, покажа и квалитет и карактер, во Данев има потенцијал што допрва ќе се развива и ќе блеска, а „црвено-црните“ со вакви и слични изданија со право можат да се надеваат на борба за висок пласман во оваа штотуку почната сезона.

Атмосферата беше одлична, со две навивачки групи на трибините, а „вардарци“ по последниот свиреж победата ја прославија пред „западот“ и своите „комити“, од кои добија безрезервна поддршка во текот на сите 90 минути…

Се вчитува...