Вардар имаше сили за половина меч, потоа Куманово дојде до триумф (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар беше блиску, но, сепак не успеа да стигне до третиот триумф во Првата лига. „Црвено-црните“ имаа водство по две четвртини, но потоа се разигра Куманово и на крајот оствари очекуван успех со 85-89.

Првиот период беше израмнет, а Вардар го заокружи со еден поен предност (22-21). Домаќините беа во елемент во втората четвртина која ја добија со 26-19 и на одмор заминаа со осум поени позитива. Но, потоа Куманово ја покажа силата. Направи голем пресврт. Потполно ја анулираше негативата до крајот на третиот сегмент, а потоа и обезбеди тесен триумф.

Горјан Марковски со 25 поени беше предводник во составот на Куманово, а имаше одлична помош и од Марјан Јанески со 19 кошеви. Кај вардарци, Џуниус Прауел постигна 20 поени, а Аџуда Њуес еден поен помалку.

 

 

 

Се вчитува...