Нерешениот резултат од 2-2, го означи успешното деби на Вардар во Лигата на Конференции. Ова беше прв настап во ова натпреварување за „црвено-црните“, и го решија успешно, ја минаа првата пречка.
Ла Фиорита не беше противник од кој требаше да стравува. Победата во првиот меч од 3-0 гарантираше пласман во следната фаза, иако на Вардарци во првиот дел на вчерашниот дуел во Сан Марино малку им влезе нервоза примениот гол.
Но, откако го постигна првиот, а потоа и вториот гол беше јасно дека „црвено-црните“ ќе одат и дефинитивно во следната рунда. Израмнувачкиот гол беше сплет на околности, на недоразбирање, па затоа беше одземена победата. Но, овој меч треба да послужи како „лекција“, особено да не се повторат грешките против таков противник како Лозана.
Сега сите мисли се насочени кон следниот предизвик. Лозана е тим кој е дефинитивно поквалитетен од Ла Фиорита, но не е противник од кој треба да се стравува. Тим кој првпат после 15 години излегува во Европа и кој пред две години играше во втората по ранг швајцарска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

