Од раководството на Вардар продолжуваат со информациите за расчистување на долговите кон поранешните фудбалери, функционери и доверители на клубот, наталожени од претходните раководства, а во најголем дел од времето на водење на клубот на Сергеј Самсоненко.
Во новото соопштение до јавноста од АД ФК Вардар информираат дека продолжуваат да ги остваруваат целите кои си ги зададоа при преземањето на сопствеништвото на клубот, а тоа е финансиска, организациона и резултатска консолидација на клубот.
Во текот на денешниот ден исплатени се блокадите кон :
1. Матеј Цветановски = 5.854.019,00 (95.187€)
2. Панче Георгиевски = 3.247.849,00 (52.810€)
3. Мирко Спасевски = 2.363.633,00 (38.433€)
4. Паркленд Груп = 690.379,00 (11.225€)
5. Саша Илиќ = 622.087,00 (10.115€)
6. Фан Зона Локомотива = 942.453,00 (15.324€)
7. Ахема Д.О.О. = 221.745,00 (3.605€)
8. Телеком = 146.777,00 (2.386€)
„Менаџерскиот тим на АД ФК Вардар Скопје ќе продолжи да ја консолидира финансиската ситуација на клубот и да ги исчисти сите побарувања што некомпетентните, криминалните и авантуристичките управи ги нанесле како штета на буџетот, имиџот, статусот и иднината на најголемиот спортски бренд во државата“ – информираат од АД ФК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА