Во главно израмнет натпревар, Вардар сосема заслужено дојде до предност благодарение на погодокот на Ненад Мишковски во 85. минута од средбата. „Вардарци“ уште во првото полувреме успеаја максимално да ги неутрализираат обидите на домашните да дојдат до голот, контролирајќи ја играта на средината од теренот за мирно спроведувајќи без голови до полувремето.
Ивановски имаше две полушанси во 20. и 26. минута, како и Атиемвен во 35. минута, но не успеаја да реализираат за водство на домашните.
Во 70. минута засилувањето на „вардарци“, Марјан Ристовски имаше можност да ги донесе гостите до предност од 0-1 но дирекот од голот на Гостивар спречи водство на Вардар. Сепак, во 85. минута Мишковски не згреши за 0-1.
Кога се чинеше дека „вардарци“ ќе однесат голема победа, Петар Слишковиќ во 90. минута постигна гол за конечни 1-1.
ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО
Гостивар: ГОСТИВАР – ВАРДАР 1-1
Слишковиќ 90′ – Мишковски 85′
УТРЕ (14 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА
Скопје: ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

