Вардар ита кон титула, Силекс со супер-финиш до триумф

Актуелниот шампион Вардар е се поблиску до одбрана на титулата, откако денеска оствари сигурен триумф (4-0) на домашен терен против Победа. Хуан Фелипе го отвори резултатот во 27.минута, а Дејан Блажевски во 41.минута зголеми на 2-0, по што беше јасно дека трите бода ќе останат за „црвено-црните“. Во вториот дел, Џигаури во 69.минута и третпат ја затресе мрежата на прилепскиот прволигаш, а Дамир Којашевиќ во 87.минута го постави конечниот резултат.

radost vardar

Шкупи на Чаир ја сопре Шкендија и одигра 1-1. Ферхан Хасани ги доведе гостите до предност во 17.минута, но Бујамин Асани во 65.минута го израмни резултатот. Шкупи стигна до значаен бод во борбата за опстанок, а Шкендија одамна ја загуби трката за титулата со Вардар.

Ренова и Работнички во Тетово одиграа 1-1. „Гипсарите“ поведоа во осмата минута, со автоголот на Ванче Шиков. Нафиу нафрли од десната страна, Шиков подметна тело, го смени правецот на топката и ја затресе мрежата на Шишковски.

renova radost

„Романтичарите“ имаа неколку изгледни шанси за израмнување, преку Силјановски, Ивановски, Наумчевски и Вуковиќ, но домашниот голман Хаџо беше одличен на голот. Сепак, во 80.минута, по слободниот удар што го изведе Херера, дефанзивецот Мишковски играше со топката, а таа потоа заврши во мрежата на домашниот тим.

Пелистер ја оправда фаворитската улога против Македонија ЃП и славеше со 3-1. Ристе Маркоски во четвртата минута ги доведе битолчани во водство, а Мартин Ковачев во 37.минута постигна и втор погодок за тимот на Наџи Шенсои. Во вториот дел, Дин Аломеровиќ во 77.минута постигна почесен гол за „лавовите“ на овој дуел. Но, во завршницата, Баже Илијоски го потврди триумфот на Пелистер од 3-1.

sileks so bregalnica

Силекс ја совлада Брегалница во Кратово со 3-2 со неверојатен финиш. Штипјани беа на чекор до триумф, но Силекс извлече дури и триумф во последните моменти.

Стрелец на водечкиот гол за кратовскиот прволигаш беше Игор Филиповиќ во 12.минута од средбата, но во вториот дел Брегалница направи изненадување. Бобан Георгиев во 68.минута израмни на 1-1, а Ристе Наумов постигна втор гол за штипјани во 79.минута. Глигор Глигоров во 90.минута израмни на 2-2, а Дарко Додев во следниот напад донесе триумф за Силекс.

ПРВА ЛИГА, 30.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-1

ВАРДАР – ПОБЕДА 4-0

СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 3-2

ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 1-1

Табела: Вардар 71, Шкендија 59, Работнички 48, Пелистер 44, Ренова 42, Силекс 39, Шкупи 33, Победа 26, Брегалница 20, Македонија ЃП 19.

Се вчитува...