Вардар беше подобар од Металург со 25-20 во контролниот натпревар кој денеска се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Металург одлично го почна натпреварот и на стартот имаше позитива од 5-1. Сепак, до крајот на првиот дел „Металурзите“ успеаја да постигнат само три гола и на пауза се замина со 8-8.
Во вториот дел резултатската контрола ја имаше Вардар. Поведоа за првпат стигнаа до плус пет 17-22 и до крај успеаја да го привршат мечот за конечни 20-25. Најефикасен на натпреварот беше Марко Тарабокија кој успеа да постигне седум гола, додека во победничкиот табор Анте Гаџа мечот го заврши со пет гола, додека Иван Чупиќ запиша еден помалку.
Следната недела Вардар го чека реванш дуелот од четвртфиналето во СЕХА против Нексе, додека Металург во првото коло од Лигата на Европа на 29. овој месец ќе игра со Спачва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

