Вардар ја надигра Лозана и со предност ќе патува во Швајцарија (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар славеше на домашен терен со 2-1 против Лозана во првиот натпревар од двомечот од 2. квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

„Црвено-црните“ подобро го отворија натпреварот и во два наврати имаа полушанси да го загрозат голот на противникот, но сепак не се случи ништо посериозно во шеснаесетникот на Лозана.

Во следниот период и двата тима играа внимателно па во последната третина од првиот дел се влезе со почетниот резултат 0-0.

Вардар најубавата шанса ја имаше во 41. минута кога прво Омерагиќ, па потоа и Мато биеја кон голот на Лозана но нивтните удари беа изблокирани од домашните фудбалери. Само минута подоцна Омерагиќ имаше нова шанса откако биеше со глава од непосредна близина но неговиот удар заврши покрај голот на Швајцарците.

Добрата игра вардарци конечно ја материјализираа во судиското продолжение кога Роџерс Мато во 47. минута донесе водство од 1-0.

На стартот на вториот дел Лозана веднаш имаше шанса, но за наша среќа Сене биеше непрецизно од близина. Подобрата игра во вториот дел Швајцарците ја материјализираа (1-1) со евроголот на Диаките во 59. минута.

Мато повторно направи магија во противничкиот шеснаесетник откако успеа да наниже неколку фудбалери во 66. минута, но неговиот удар на крајот беше спречен од противничкиот голман. И повторно најопасен кон противничкиот гол беше Мато кој создаде нова шанса, но Летица беше на висина на задачата.

Сепак, вардарци стигнаа до ново водство (2-1) откако одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник Азер Омерагиќ во 78. минута.

Се вчитува...