Пингпонгарите на ППК Вардар надмоќно ја освои шампионската титулата победувајќи во двата динални плеј-оф натпревари против ППК Младост од Прилеп со идентични 4-2. Со тоа вкупниот резултат на добиени натпревари изнесува 3-1 во корист на Вардар, кој стигна до шампионската круна.
Тимот составен од државниот првак Станојковски, Апостолоски и Кироски под водство на тренерот Филе Матевски во текот на целата сезона доживеа само два порази, еден во регуларниот дел од сезоната и еден во полуфиналето на плеј-офот. За вицешампионот Младост во финалните натпревари настапија, Јочкоски, Штаргоски и Милошевиќ (Србија), предводени од тренерот Зоран Јованоски – Тарзан.
Во Крива Планка во неделата својот завршен ТОП 8 турнир го имаа сениорите на возраст до 21 година. Во отсуство на државниот првак Петар Костовски, првото место го освои Филип Костадиновски, втор беше Дамјан Стојчев, а третото место гоосвои Даниел Зхоу Главевски. Со својата слаба игра изненади Александар Рикалоски кој е вицешампион во оваа категорија, освојувајќи го четвртото место на ТОП 8.
Кај сениорките Ива Димитриевска фуриозно со седум победи без пораз го освои првото место, втора е Ана Стојановска и на трето место е Добринка Сотирова.
Со овие натпреавари заврши натпреварувачката сезона во првенството 2018/19. Од 12 до 16 Јуни 2019 година во Скопје во СЦ Форца ќе се одржи Балканското првенство во екипна и поединечна конкуренција за кадети и за јуниори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА