Вардар ја освои титулата за кошаркари до 16 години

Вардар уште еднаш ја потврди својата доминација кога станува збор за кошарката во помладите категории, освојувајќи ја титулата за генерацијата до 16 години.

„Црвено-црните“ вечерва за противник во финалето го имаа тимот на Феникс, по голема битка успеаја да триумфираат со 75-71. „Вардарци“, кои беа и домаќини на завршниот турнир, подобро го отворија натпреварот и уште во првата четвртина поведоа со 15-6. Феникс не се предаде, успеа да се врати резултатски, па потоа и да поведе со 65-63. Сепак, во клучните моменти Вардар беше подобар тим на теренот, успеа да создаде предност и да се закити со трофејот.

Адриан Наумовски со 22 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, пред Лука Наумоски со 15 и Јованов со 10, додека најдобар поединец кај поразениот Феникс беше Кацарски, кој оствари дабл-дабл од 18 поени и 12 скокови.

Вардар покрај оваа титула го освои првото место и во М20 конкуренција, во М18 стигна до втората позиција, додека во М14 завршниот турнир го освои четвртото место.

Се вчитува...