Вардар триумфираше со 1-2 на гостувањето против Беласица во Струмица на последниот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона во второлигашките конкуренции.
Сите три погодоци на дуелот паднаа во второто полувреме. Вардар до триумфот дојде со головите на Дарко Гроздановски во 73. минута и Трајче Стојковски во 78. минута.
Во првото коло од новата сезона во Втората лига – Запад, Вардар на 25. август од 16 часот ќе гостува на Кораби во Дебар, додека во Втората лига – Исток, Беласица ќе гостува на Детонит јуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА