Вардар ја потопи Висла за победнички старт во новата сезона во ЛШ

Вардар победнички стартуваше во новата сезона во Лигата на шампионите во која ја брани европската титула. На гостувањето во Полска, вардарци славеа против Висла Плоцк со 22-26  запишувајќи ја првата победа во ЛШ во досега неосвоената „Орлен Арена“. „Црвено-црните“ одиграа сигурно и супериорно ја контролираа играта и резултатот во првиот дел, имаа криза на стартот од второто полуврмне, но и сигурен финиш кој им ја донесе првата победа во новата сезона.Првиот гол за Вардар во новата сезона беше дело на новото име во шампионскиот тим, Даинис Криштопанс за почетното водство во Плоцк. Вардар стартуваше сигурно во мечот, одбраната 5-1 со Жоан Канелјас наперед функционираше речиси беспрекорно и не им оставаше многу простор на домашните играчи да дојдат до реализација. На двапати и тоа и во двата случаи со погодок на Криштопанс, вардарци дојдоа на +3, прво поведувајќи со 2-5, а потоа и со 3-6. И, кога се чинеше дека шампионот брзо ќе се одлепи, следуваше мал пад во играта на вардарци, посебно во нападот кој шест минути остана без постигнат гол. Тоа им даде можност на ракометарите на Висла да фатат приклучок намалувајќи на гол негатива (5-6)  во 17 минута од натпреварот.Вуко Борозан ја прекина лошата серија на македонскиот првак и со два гола во серија не му дозволи на домаќинот да дојде до напад за изедначување. А, потоа вардарци тргнаа во нова офанзива. Серијата од 3-0 на три минути пред крај  на првиот дел, на „црвено-црните“ им донесе највисоки +4.  Игор Карачиќ погоди за 8-12, а потоа во следниот напад, Тимур Дибиров со својот прв гол на овој меч, ја задржа разликата за 9-13, резултат со кој заврши првото полувреме.Почетокот на второто полувреме донесе брзо исклучување кај вардарци, три одбрани на домашниопт голман, Марчин Вихари и офанзива на Висла со три гола во серија и напад за изедначување кој го сопре Арпад Штербик. Вардарци пет минути бе усепаваа да постигнат гол, а казна стигна од Марко Тарабокија за прво изедначување на 13-13 во 36 минута од натпреварот. Конечно, Криштопанс успеа да ја пробие одбраната на домаќинот постигнувајќи го првиот гол во второто полувреме за ново водство на Вардар со 13-14.Сигурниот Вихари на голот, донесе нова сигурност во играта на полскиот тим. На спротивната страна, раул Гонзалес се обиде да внесе свежина и поголема агресивност во нападот на „црвено-црните“ со Лука Циндриќ на местото на Игор Карачиќ на плјемејкерската позиција. Со осум одбрани за 11 минути, голманот на Висла Плоцк беше најголемата пречка за врдарци во овој дел од натпреварот во кој и двете екипи играа со многу грешки во нападот. Висла дојде до второто изедначување на мечот со погодокот на Дуарте за 15-15 во 44.минута, а Раул Гонзалес беше принуден да побара тајм-аут.Штербик одбрани уште еден напад на Висла за прво водство, но вардарци грешеа премногу во нападот дури и во пенал ситуации. Иван Чупиќ направи престап на седмерец, а Висла одново дојде во шанса за водство. Но и во оваа незавидсна ситуација, Штербик беше спасителот на Вардар. Погодокот на Данил Шишкарев одново ги врати „црвено-црните“ во минимална предност на десетина минути пред крај (15-16). Циндриќ и Македа потоа повторно го вратија Вардар на безбедни +3 (15-18), а со мајсторијата на Дибиров, „црвено-црните“ прв пат во второто полувреме стигнаа до највисоките четири гола предност (20-16). Домаќините повторно се заканија во финишот намалувајќи на 19-21 на три минути пред крај, а потоа и на 20-22.  Сепак, европскиот шампион го имаше последниот збор на овој меч. Борозан стави точка зголемувајќи го водство на вардраци на 23-20 и практично ја осигура победата. Вардарци рутински го одработеа финишот и  го запишаа првиот триумф со конечните 22-26.Вуко Борозан со шест гола беше предводник во нападот на Вардар. Даинис Криштопанс постигна четири, Иван Чупиќ додаде три гола, а одново прва фигура во составот на Вардар во победата беше Арпад Штербик со 10 одбрани. Во составот на Висла Плоцк најефикасни беа Михал Дашек со шест и Хозе де Толедо со четири гола, голманот Марчин Вихари запиша девет одбрани. Во својот деби настап во дресот на Висла, екс ракометарот на Металург, Немања Обрадовиќ остана без погодок од три шута кон голот на Вардар.Во следното коло во А групата од Лигата на шампионите, на 23 септември, Вардар во Скопје го пречекува францускиот Нант и Кире Лазаров.

Се вчитува...