Само некој момент после објавата на ЕКИПА, следуваше потврда од таборот на Вардар. Горазд Михајлов не е повеќе тренер на „црвено-црните“.
Михајлов поднесе оставка од местото тренер на „црвено-црните“, и тоа само еден ден после победата во дербито над Пелистер. И натаму е нејасна причината за ваквиот чекор, иако од таборот на Вардар истакнуваат дека станува збор за „приватни причини“.
„Фудбалскиот клуб Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михаилов, досегашниот шеф на стручниот штаб, поднесе оставка на функцијата и повеќе нема да ги предводи црвено-црните.
Горазд Михаилов во клубот пристигна минатата полусезона и успеа да ја исполни главната цел на навивачите и клубот, обезбеди опстанок во ПМФЛ, а покрај тоа оствари и значајни резултати, кои секако дека остануваат да сведочат за професионализмот и посветеноста.
Тој си заминува поради приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА